Општествено одговорната компанија “Кромберг и Шуберт“ донираше опрема за потребите на Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост при ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ – Битола.Станува збор за специјализирана опрема за опремување на Монтесори кабинет со која што опрема специјалните едукатори и рехабилитатори од ова училиште ќе можат да ги користат монтесори принципите во едукацијата и рехабилитацијата на децата со попреченост.
-Нашето училиште изразува благодарност до општествено одговорната компанија “Кромберт и Шуберт“ која со оваа вредна донација ќе ги подобри условите и квалитетот за едукација и рехабилитација на децата со попреченост. Би сакал ова да биде мотив и за другите компании да учествуваат со вакви донации во нашето училиште со што би го помогнале и самиот процес на инклузија, истакна директорот на училиштето м-р Роберт Филиповски.

Компанијата “Кромберг и Шуберт“ со донација за ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ за опремување на “Монтесори кабинет“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)