Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: дилер од Охрид приведен во Битола, пријава за земање пари за посредување за враборување

На 22.12.2022 на ул.„Кирил Пејчиновиќ“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола  лишиле од слобода 45 годишно лице од Охрид затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 22.12.2022 во СВР Битола, три лица од демирхисарско на возраст од 30, 23 и 36 години пријавиле дека биле измамени од од лице с.Горно Оризари, битолско, за суми од 118.000 денари, 20.000 денари и 21.000 денари. Според пријавеното, во периодот од јули 2021 година до пријавувањето, лицето им ветувало дека ќе им посредува во извршување на различни услуги и за тоа од нив барал надомест. Како што е пријавено, тие му ги дале парите, но услугите не биле заршени и лицето не им се јавувало на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

More from ВестиMore posts in Вести »