Press "Enter" to skip to content

Театарска претстава и новогодишни пакетчиња за децата од БВ бизнис груп

Традицијата на подарување пред големите празници за БВ бизнис групацијата, годинава во прекрасниот амбиент на Офицерски дом, со театар за деца, музика и многу забава. На овој настан, беа и сите дечиња кои ја посетуваат градинката “Мали генијалци” која е исто така составен дел од групацијата на БВ. Театарот ДелАрте приреди вистинска празнична магија, а децата уживаа.-Да учиме убави нешта, да создаваме љубов кон театарската уметност од мали нозе, а подароците и онака се наша традиција. Тоа беше идејата за годинешната прослава за дечињата на нашите вработени кои уживаа на овој настан, истакнуваат од БВ бизнис груп.Овој градежен супер бренд, со серија активности во овој период од годината, покажа и примери на општествена одговорност учествувајќи со засадување на 400 садници за проектот Зелен Баир, во е текот на целата 2022 година дистрибуираше над 1.500 оброци за социјални загрозени семејства и поддржа неколку проекти од култура.-Имаме многу планови за новата 2023 година. Освен што ќе нижиме успеси во бизнисот, акцент ставаме и на мигот да носиме радост надвор од тој затворен круг на деловен успех. Зошто само ако враќаме во заедницата, сме направиле нешто што вреди и по што ќе останеме запаметени, истакнуваат од БВ бизнис груп.