Press "Enter" to skip to content

Отворен СН Мото Центарот – нова станица за технички преглед по европски стандарди во скопскиот регион

Со сечење на црвената лента и богата музичка програма синоќа свечено беше отворен СН Мото Центарот –  нова и современа станица за технички преглед во скопскиот регион, која  ги задоволува највисоките европски стандарди во функција на поголема безбедност во сообраќајот. СН Мото центарот е инвестиција на СН Осигурителен Брокер АД Битола, тешка 2,4 милиони евра.Центарот е мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни, лоциран на улица Калош Дани број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје. СН Мото Центарот располага со 1.847 метри корисна површина, како и со најсовремена опрема и стручни кадри. Во неговото функционирање се вложени искуството и традицијата на квалитет по кои СН Групацијата е препознатлива.Црвената лента ја пресекоа првите луѓе на СН Групацијата, Христо Кондовски, Претседател на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола и Зоран Пејчиновски, Главен извршен директор на СН Осигурителен Брокер АД Битола.На свеченото отворање тие порачаа дека визијата е СН Мото Центарот да прерасне во синоним за квалитетна и ефикасна услуга на задоволство на возачите во скопскиот регион во функција на поголема безбедност во сообраќајот.Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемт сертификати, Хомологација, ПТЕУ, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати за управител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач. Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1.Во присуство на голем број гости, соработници и партнери на компанијата, како и вработени во СН Групацијата по повод свеченото отворање беше организирана богата музичка програма во чии рамки настапи камерното дуо во состав на Марија Вршкова, пијано и Владимир Костов, виолина –  годинашни добитници на СОКОМ наградата, кои неодамна настапија на Менхетн во Њујорк.Свеченото отворање на СН Мото Центарот беше заокружено со перформанс на трите музички и визуелни магионичарки од триото „Тринити Стрингс“, Ирена Стојановска и Александра Мирсинова на виолина и Марта Куч на виолочело, трите дел од ансамблот на Македонска Опера и Балет. Гостите ги забавуваше и DJ BRUS.