Press "Enter" to skip to content

Превентивни активности на СВР Битола за заштита од употреба на пиротехнички средства

Денеска полициски службеници од полициската станица Битола, во централното градско подрачје во Битола, спроведоа превентивни активности за заштита на населението од употреба на пиротехнички средства, при што во фокусот на вниманието беше младата популација.

Полициските службеници ги запознаа младите за законските одредби поврзани со употребата на петарди и друга пиротехника, а посебно им беше обрнато внимание за ризиците при користење на петарди и можните штетите по животот и здравјето.

Исто така, низ центарот на Битола полициските службеници разговараа со повозрасната популација во делот на самозаштита од измами, кражби и разбојништва.

More from ВестиMore posts in Вести »