Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за пулмонална емболија, за што вели:
-Пулмоналниот емболија настанува кога тромб најчесто од длабоките вени на долните екстремитети ќе се одкини и преку циркулацијата ќе обструира дел од пулмонална артерија со нарушувањена докторот на артериска крв во дел од белoдробниот паренхим. Ризик фактори се долга имобилизираност и мирување после операции, фрактури на фемур и карлица, бременост,
Во поставување на дијагнозата најзначајна е контрасната КТ на бели дробови и перфузионо вентилацискиот скен, со ехокардиографија можи да се видат индиректни знаци како дилатација на десната комора, нарушен контрактилитет на десен ѕид, D shape на левата комора, ехографски при настанување на инфаркт на белите дробови често има хипоехогени триаголни дефекти на ехо најчесто во долни лобуси на белите дробови во постериорни регии како и клиничка појава на температура, тахипнеја,
Клинички постои и субмасивна пулмонална емболија кога е опструиран помал дел од белодробната артерија и кога нема големо оптоварување на десната комора и полесни симптоми.
Лекувањето е најчесто брзо со антикоагулантна терапија и антитромботична со цел воспоставување на нормален крвоток низ оклудираната пулмонална артерија.