Press "Enter" to skip to content

Новогодишен хуманитарен базар во “Голд Фелициа“ (фотогалерија + видео)

Денес во ресторанот “Голд Фелициа“ по повод новогодишните празници се одржа Новогодишениот хуманитарен базар во организација на “КС Групацијата“ од Битола, на кој покрај домаќините се претставија и неколку други компании.Програмата на Новогодишниот базар беше направена од различни активности во кои дечињата навистина уживаа, а во рамките на Новогодишениот хуманитарен базар се одржа и новогодишна работилница, под раководство на Весела Богдановиќ, соработник од ОУ “Кочо Рацин“ од Општина Могила.Во име на организаторот “КС Групацијата“, Елена Трајчевска, маркетинг менаџер во групацијата за Новогодишениот хуманитарен базар рече:-Одлична атмосфера, онака како и очекувавме. Весели деца, расположени родители, а сите ние заедно уживавме во се што се случуваше во “Голд Фелициа“. Децата му пишуваа честитки на Дедо Мраз, правеа шеќерна шума, ги бараа разликите, плетеа кукле, шалче и белегзија, сложуваа сложувалка и уште многу други игри. Секако, на крај, за радоста да биде уште поголема ги посети Дедо Мраз со неговите помошници и ги израдува со пакетчиња.Додека децата се забавуваа возрасните уживаа во греено вино и ракија, топол чај, вкусно печени костени.

Под мотото “Дегустирај и донирај” се собираа средства во поставените кутии.Оваа слика за да биде комплетна, како опшествено одговорни компании ја поддржаа “Голд Фелициа“, “Евротип“, “Голд Слот“, “КС Сервис“, “Витаминка“, “Далвина“, “Колид“, “Краш“, “Агро Леска“, “Сандеј“, “Даути“, “Прилепска Пивара“, “Фреш ап“, “Пеар Натурал“, здружение “Галоп”.Но, највредни беа вработените на цела КС Групација кои вредно ја поставија целата слика да изгледа како бајка.-Средствата кои беа собрани од овој базар, како и продуктите кои беа донирани од нашите вработени, ќе бидат подарени на семејствата на кои им се најпотребни. “КС Групацијата“ и во иднина ќе продолжи со организација на хуманитарни настани, додеда Елена Трајчевска.