Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ноќеска 36 возачи возеле под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер  (24/25.12.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 36 возачи. Од нив 16 на територија на  Битола, 10 во Прилеп, 5 во Ресен, 4 во Демир Хисар, и 1 Македонски Брод.  За време на контролата биле санкционирани и 29 останати прекршоци.

 Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.

More from ВестиMore posts in Вести »