Press "Enter" to skip to content

Пеце Милевски, директор на “Водовод“ Битола: и покрај сите предизвици “Водовод“ во 2023 влегува со развоен план и програма (фото)

Денес во просториите на ЈКП “Водовод“ од Битола се одржа прес конференција на која зборуваше директорот Пеце Милевски, а потоа заедно со новинарите ја посетија новата управна зграда која денес имаше технички прием и пумпната станица “Довлеџик“.Директорот Милевски за како ја оценува годината која изминува и како “Водовод“ се справи со сите предизвици кои ги имаше во 2022 година рече:-После една година новото раковоство на “Водовод“ за годината која изминува ќе речеме дека 2022 година беше сериозен предизвик, е ние сите бевме посветени на нашата работа каде е вложен огр0мен напор и ангажирање на сите капацитети со кои располага претријатието со единствена цел снадбување на граѓаните со питка вода. Водоводната мрежа со која располагаме бара секојдневно одржување и нејзино тековно поправење. Сакам да напоменам дека бројот на дефекти, за кои некои мислат дека се различни, поголем или помал, имаме точно податоци дека се движи во рамките на 1.100 – 1.200 во зависност од годината. Можеме да кажеме дека предизвикот со кој се соочувавме беше огромен со состојбата со електричната енергија, која на сите ни е позната, која најповеќе не погоди водоводните претријатија од сите јавни претријатија, а дополнителен проблем ни беше обврската за плаќање за изградба на управната зграда. Овие две ставки се сериозни трошоци за “Водовод“ со кои се “боревме“ и се исправивме со предизвикот и додаде:Дополнителни ни пристигна и обврска за враќање на кредитот кој што е земен пред 10 години со грејс период, сега го враќаме, а се работи за кредит од околу 100 милиони денари или 7 милиони годишно. Во 2022 година за управната зграда се платени околу 47 милиони денари, а допонително на тоа имаме за исплаќање за четири пумпни агрегати во вредност од 24 милиони денари, а се исплатени 17 милиони. До крајот на оваа година очекуваме сметката за електрична енергија да биде 40 милиони денари. Се работи за многу голема сума на средста, за која се трудевме да ја исплатиме со намалување на нематријалните трошоци,  без вработување, односно пензионираните се поголем број од оние кои се примени во “Водовод“. Домаќински го водевме претријатието кое е во сопственст на Општина Битола и на граѓаните на општина Битола.Милевски за намалување на цената на електричната енергија додаде:

-Како претседател на здружението АДКОМ се трудевме да издејствуваме нешто и сега сме задоволни од цената која изнесува 95 евра од мегават, иако мора да се спомене и тоа дека цената достигнува и до 500 евра за мегават на берза. По една година успеавме да ни се намалат трошоците за електрична енергија и да доживееме крах и неможност да финкционираме. Ова одлука е до март, а потоа ќе имаме повторно проблеми. Да се надеваме дека ќе се стабилизира пазарот за елекстрична енергија и непречено функционирање на претријатијата за снабдување со вода на граѓаните, а Владата ќе ги надомести покачените трошоци кои не се вкалкулирани. За пример ќе кажам дека во 2020 година трошоците за електрична енергија се 9-10 милиони, во 2021 година се 26 милиони, а оваа година се 40 милиони денари. Ако на ова се додадат и покачените цени на сите репроматеријали може да се види со колкави трошоци работиме.За евентуално поскапување на цената Милевски нагласи дека “Водовод“ не ја одредува цената, туку тоа го прави Регулаторната комисија, а тие само ги доставуваат параметрите, а тоа како ја оценува финансиската остојбата на “Водовод“ рече:

-Можам да ви речам дека е одлична, но не е. Ќе кажам дека сме ликвидни, моментално успешно иисплаќаме плати, нормално функционираме, излегуваме на дефекти, односно сме во фунција на граѓаните. Целата состојба на “Водовод“ нема да се одрази на граѓаните и ги извршуваме сите обврски кон нив. Што се однесува пак до “Водовод“ ќе му треба време да закрепне од овој шок со електричната енергија.-Во наредниот период “Водовод“ ќе работиме на дигитализација на водомерите, како што се дигитализраат и другите сфери, а што се однесува пак до загубата на вода или соодносот на проиведена и фактурирана вода е околу педест проценти, што е во рамките на предводувањата, а се однесува пак до потрошена вода во филтерница, при дефекти, при проток на вода во мрежата која е долга 560 киломатри, а секако дека има и некои наши сограѓани кои не ја ценат водата, ја злоупотребуваат и имаа диви приклучоци најповеќе во населбата “Баир“ каде тешко го решаваме овој проблем, рече Милевски и се осврна на тоа дека “Водовод“ се труди и водоводните мрежи од селата и некои населби да ги стави во системот на претријатието, за што имале добри примери кои треба да ги следат сите други, со цел сите да имаат квалитетна и здрава вода.За плановите во 2023 година, односно намалување на трошоците за електрична енергија Милевски рече дека имаа изготвена физибилити студија за фотоволтаици на објектите со кои располагаме, покривот на филтерница и новата управна зграда.

-Се надевам дека ова ќе премине во основен проект да најдеме начин дека со одредени меѓугранични или меѓународни проекти оваа наша идеја да доживее реализација. Тука ќе споменам и пренамена на наше земјиште окоу 10.ооо метри квадратни во филтерница каде сакаме да наравиме физибилите студија. Наредната година ќе биде и преселувањето во новата зграда, која ќе започне со преселување на архивата заедно со државниот архив од Битола кој ќе го спроведе тоа.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »