Press "Enter" to skip to content

Родено 700-тото бебе во болница “Плодност“

Денес во болница “Плодност“ во Битола на свет ни дојде 700-тото бебе за оваа година, со што го надминавме нашиот рекорд по број на новороденчиња, од постоењето на болницата.

Ова е нов историски момент за нас, бидејќи за прв пат надминуваме број од 700 новороденчиња за помалку од една година.

-Со неизмерна радост го дочекавме 700 бебе, машко, родено во нашата болница оваа година. Нашето семејство постојано се зголемува, на радост на родителите, но и на сите вработени во болницата. Им благодариме на сите пациентки, кои ја препознаваат нашата грижа и љубов дадена за мајките и нивните новороденчиња, а ние и натаму, остануваме посветени за нивното здравје и среќа. На родителите им посакуваме многу среќа и радост, со најубавиот предновогодишен подарок, нивниот син, истакна прим. д-р Таше Трпчевски, директор на Болница Плодност.

Среќата има едно име Болница Плодност – Hospital Plodnost #700 #happiness #baby

More from ВестиMore posts in Вести »