Press "Enter" to skip to content

Село Зовиќ – успешна туристичка приказна и една од најпознатите туристички дестинации во Македонија доби нов сместувачки капацитет

Село Зовиќ во регионот Мариово, Општина Новаци е едно од најпознатите села во Македонија. Со само 8 постојани жители ова село е и една од најпознатите туристички дестинации во државата, особено за љубителите на чистата природа и познатите гурмански специјалитети.

Она што ги привлекува најголем број од посетителите и познатиот „Камен“ или „Филмски“ мост на Градешка река, а веќе неколку години по ред, тука се и познатите гурмански специјалитети од Етно ресторанот „Кај Мостот“ во сопственост на Наташа и Митко Крстевски.

Познатиот Етно рестаран „Кај Мостот“ е една од успешните туристички приказни во државата, пред се поради фактот што ретко се случува млади луѓе да се вратат во рурална средина и да се охрабрат да почнат свој бизнис.

Мариово е веројатно најретко населен регион на Балканот со проценети околу 1 жител на километар квадратен. Село Зовиќ има само 8 постојани жители со старосна граница над 70 години и е оддалечено 50 км од најблискиот град – Битола. Ова создава дополнителни логистички потешкотии за сите оние кои сакаат да се занимаваат со некаква активност во овој дел, бидејќи се работи во регион со практично многу малку развиена инфраструктура. Но од друга страна пак, успешно да работиш во вакви услови и згора на тоа да инвестираш сопствени средства во нов сместувачки капацитет, е подвиг за поздравување и причината за тоа може да биде само една – љубов кон родниот крај.

Мариово како ретко населен регион има мал рецептивен капацитет, односно големиот број на посетители поради лошата патна и комунална инфраструктура, може само да му наштетат на истиот. Доколку се сака одржлив развој, потребно е да се цели кон помал број на посетители, кои би се мотивирале да останат барем еден ден подолго. Инвестицијата во сместувачки капацитет е чекор во таа насока, од кој директен бенефит имаат и сите други локални производители, а воедно и туристичките агенции од државата кои нудат услуги во овој регион.

Покрај постојните е 3 апартмани во Етно ресторанот, со дополнителлните 4 апартмани со по 4 легла, моментално во село Зовиќ може да се сместат до 30 гости. Доколку барате локација за мирен семеен одмор, во еколошки чиста средина, надвор од урбаниот хаос, село Зовиќ е идеален избор за вас.
Во летниот период, посетителите најчесто се разладуваат под Филмскиот мост на чистата Градешка река, а во останатиот дел од годината тука се големиот број на културно историски локации кои би го направиле вашиот престој ислолнет и незаборавен.

Неодамна со помош на IME програмата на Швајцарската агенција за развој, се дигитално обележни промовирани преку 30 локации и 6 самоводечки тури, кои се директна помош на овој и сите вакви бизниси, бидејќи на посетителите им овозможуваат самостојно да посетат неколку различни локации и да имаат квалитетно исплонета 3-4 дневна посета во регионот. Тука се и комерцијалните тури понудени од различните оператори со што на некој начин се покрива сечиј вкус и се обезбедуваат дополнителни содржини.

Во слободното време тука се и локалните производители на органски мед, надалеку познатото Мариовско сирење, ракотворби, органска храна и сл.

Доколку сакате да го посетите село Зовиќ, повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 071 206 757 или на facebook страницата „Кај Мостот“.