Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: предновогодишна еуфорија

Радоста пред празниците е пожелна, но еуфорија никогаш не е добро решение.

Празници се ближат… Новогодишна магија насекде: звуци од божикни мелодии, декорации, светилки. Време на оптимизам и очекување на прослави. Општо восхитување и еуфорија пред празниците и очекување на Новогодишната ноќ или како се вели „најлудата ноќ“.

Некои ќе кажат „па ноќ како ноќ, како и сите други“. Но, дали е така и тоа вистински го мислат реално? Очекувањата за најлудата ноќ и празниците кои следуваат вообичаено се карактеризираат со зголемно ниво на стрес. Исто така може да се јави  и чувство на  тага, незадоволство  и лошо расположение. Тоа е т.н појава на депресивност пред и после празниците  која е воочлива. Меѓутоа таа појава треба да се разликува од депресијата како состојба. Кај луѓето кои вообичаено патат од депресија, логично е дека во тој период ќе се зголемат симптомите.

Објаснување :

Се зависи од очекувањата на луѓето  за тоа како да бидат задоволни од начинот на проведување за време на празниците. На пример:

-опкружени сме со сликите,  реклами на билборди кои  упатуваат  на тоа дека би требало да сте вљубени, имате среќно семејство, богата трпеза…

-„детето“ во нас се потсетува на детсвото кога се верува во новогодишна бајка, сака да биде среќно, задоволно. Ако не се исполнат замислените желби, може да се јави нездоволство, тага кај „детето“ во нас.

-ако личноста верува дека е потребно празниците да ги помини со семејство, а нема семејство, или изгубил некоја драга личност, во тој период и логично е лошо да се чувствува.

-овој период на година е време кога се прават биланси што сме направиле во текот на годината и дали сме го оствариле се она што сме сакале. Сведување на сметки после празници, како финансиски, но и емоционално.

-ако и немаме со кои да го споделиме среќа, радост…

-понекогаш што не можаме финанасиски да си дозволиме многу нешта кои би сакале да им ги дадеме на себеси и на нашите деца. Бидејќи време е на давање, дарување, славење и одење на некое патување.

Решение е како за секој проблем:

-ако е во наша моќ да ја промениме ситуацијата во склад со очекувањата или да ги промениме очекувањата.

– да не си поставуваме превисоки очекувања од себе и од другите за време и после  празниците, за да не се разочаруваме потоа.

-во однос на  шопинхолочарската атмосфера и еуфорија која владее во тие денови. Треба добро да се  размисли со колкав буџет располагате и да не купувате и трошите одповеќе,  за  потоа да бидете незадоволни дека немате доволно за да купувате и да се чувствувате и посиромашни одколку што сте.

-традиционалното прејадување во текот на празниците исто така има врска со нашата менталната состојба.

-прејадувањето едноставно не е здраво однесување. А кога према себеси се однесуваме нездраво на пат сме кон деструктивност, иако таа можеби не е веднаш воочлива

Важно:

-треба да се ужива во луѓето и случувањата кои ги сакаме

-колку пари ќе потрошите воопшто не е важно! Верувајте дека не им важно и на оние кои ве сакаат искрено, и кои ве се вистински пријатели.

-ситниците се значајни, тие можат да ве направат среќни ако се од душа и срце.Зборовите „ТЕ САКАМ; МИ ЗНАЧИШ, или МИСЛАМ НА ТЕБЕ“ кажете им ги на оние кои се совас.

-трудете се да мислите позитивно така ќе ви биде и животот.

-за време на божикните празници скромноста да биде на прво место,

-бидете опкружени со луѓе кои ви се пријатни и позитивни.