Press "Enter" to skip to content

Музиката на “Деспина“ ги стопли битолчани на платото пред Офицерски во “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)

Синоќа иако понеделник и ладно време групата “Деспина“ од Битола на платото пред Офицерски дом во Битола “донесе“ голем број на битолчани кои уживаа во нивната забава, која ја подготвија за “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола, во рамките на прославата за дочек на новата 2023 година.Покрај “Деспина“ претходно настапија и трио “Џентлемен“, “SYNTHETIC SAX“ и “Икс бенд“.Денес на “Зимската приказна“ ќе има настани на две локации. Во Стара битолска чаршија: 

SLOW FOOD market Slow Food Macedonia 11.00-16.00
11:00 – 12: 30 – Група БИТОЛСКИ ЧАЛГИИ
12:30 – 14:00 – Група МИЛЕНИУМ
14:00 – 16:00 – Група БОЕМИ
Офицерски дом: 
 
19:00 – 20:00 – БОРЧЕ НАУМОВСКИ
20:00 – 21:00 – ЕЛИКСИР бенд
21:00 – 22:30 – ,, ПАТУВАЊЕ “ – Група ФОНТАНА со специјалните гости ЏАМБО АГУШЕВ, ДАНИЦА КРСТИЌ– вокал и АНГЕЛ ДЕМИРЕВ – гитара
22:30 – 00:00 – НАЛА бенд
 
Фото: Дамијана Ристевска
 
More from ЗабаваMore posts in Забава »