Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка нападната од сопругот во Прилеп, приведен дилер на марихуана, 94 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 26.12.2022 во ОВР Прилеп, 33-годишна жена од Битола пријавила дека на ул. „Беровска“ во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.12.2022 од ул. „Караорман“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола  лишиле од слобода 35 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Во времето од 10:00-14:00 денеска на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани 94 возачи. Од нив, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 37 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »