Press "Enter" to skip to content

Денес 22. седница на Советот на Општина Битола, ќе се расправа за Буџетот за 2023 година

Претседателката на Советот на Општината Битола, Габриела Илиевска, за денес ја закажа  22. седница на Советот на Општината Битола со почеток во 10 часот, а на дневен ред ќе биде расправа за предлог буџетот за 2023 година, утврдување на бодот за платите за државните службеници, како и извештајот и програмата на Советот на Оптина Битола.

Денес советниците ќе расправаат по 6 точки од дневниот ред:

1.Предлог-Буџет на Општината Битола за 2023 година.

2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на  Општината Битола за 2023 година.

3. Буџетски календар за 2023 година.

4. Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2023 година.

5. Извештај за работата на Советот на Општината Битола за 2022 година.

6. Програма за работа на Советот на Општината Битола за 2023 година.                                           

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »