Press "Enter" to skip to content

Промовирана публикацијата претриемачки вештини кај младите жени од доц. д-р Лела Ивановска

Младите жени денес, покажуваат значителен напредок во нивниот личен развој, негуваат индивидуални вредности, вложуваат во образование и нови вештини. Тоа го наметнува прашањето што значи да се биде успешна млада жена? Успешна е жената која е свесна за сопствените капацитети и делува согласно нив, поставува реални цели поврзани со професијата, креативна е и покажува лидерски вештини. Вложувањето во себе, во иднина  ќе им овозможи поголема конкурентност на пазарот на труд но, и исполнет општествен живот.Во контекст на тоа, Центарот за иновации и менаџмент- Битола, денес во хотел, ресторан Премиер, во рамките на проектот: „Зајакнување на капацитетите кај младите жени за претприемништво во ИТ секторот“, го одржа завршниот настан, на кој се промовираше публикацијата со наслов: „Претприемачки вештини кај младите жени, основи за поттикнување на младинско женско претприемништво“, чиј автор е доц. д-р Лела Ивановска.Проектот е финансиран од Општина Битола. Доц. д-р Лела Ивановска во своето излагање истакна дека идентификувањето на потребните претприемачки вештини кај жените овозможува да се добие јасна слика за начинот на размислување и функционирање на жените претприемачи. Исто така, ја истакна важноста на креативноста, критичкото мислење, тимовите и тимската работа и мотивацијата. Особено инспиративен говор имаше Елена Гагачева, претставник од ИТ компанијата iSource, која дискутираше за потенцијалите и улогата на младите жени во ИТ секторот.Денес, вештините се сметаат за клучни за продуктивно вработување. Оттука, важноста на развојот на вештините значи зголемена продуктивност, економски раст и развој. Развојот на вештини генерално се однесува на продуктивните способности во сите нивоа на учење и обука, кои се случуваат во формалното и неформалното образование. На тој начин, се оспособуваат индивидуалците да станат проактивни и целосно ангажирани во градење на нивната иднина, овозможувајќи да ги адаптираат своите способности на променливите потреби на пазарот на труд.

More from ВестиMore posts in Вести »