Press "Enter" to skip to content

РЕК “Битола“ и синдикатите на ЕСМ и РЕК “Битола“ поделија новогодишни пакетчиња

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, директорот на РЕК “Битола“, Пеце Матевски, и претавници на Синдикалните организации на АД ЕСМ и на РЕК “Битола“ ги посетија децата од посебните паралелки при ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и децата згрижени во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола.Новогодишните пакетчиња што децата ги добија се порака дека АД ЕСМ и РЕК Битола се тука денес и во текот на целата година за да помогнат колку што можат!-Нашата најголема подружница – РЕК Битола во текот на целата година помага институции, здруженија, клубови, поединци… Некаде настрешница, некаде дресови, некаде цевки за парно греење, некаде стручна рака…се помага колку што се може, секаде, се вели во соопштението на РЕК “Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »