На последната седница на Советот на Општина Битола, 22 по ред, последна за оваа календарска година, која заврши попладнево, е изгласан буџетот за 2023 година, кој “тежи“ над 2 милијарди денари или околу 32 милиони евра, 910 милиони денари основен буџет, а до конечната бројка се и дотациите од државната каса.
За усвојување на буџетот за наредната година гласаа 16 советници од ВМРО-ДПМНЕ и “Поинаку“. Воздржани беа советниците од СДСМ и Левица.
На почетокот на седницата за буџетот зборуваше градоначаникот на Битола, Тони Коњановски, по што следуваше расправа.