Press "Enter" to skip to content

Советот на Општина Битола го изгласа буџетот за 2023 година, “тежок“ околу 32 милиони евра

На последната седница на Советот на Општина Битола, 22 по ред, последна за оваа календарска година, која заврши попладнево, е изгласан буџетот за 2023 година, кој “тежи“ над 2 милијарди денари или околу 32 милиони евра, 910 милиони денари основен буџет, а до конечната бројка се и дотациите од државната каса.

За усвојување на буџетот за наредната година гласаа 16 советници од ВМРО-ДПМНЕ и “Поинаку“. Воздржани беа советниците од СДСМ и Левица.

На почетокот на седницата за буџетот зборуваше градоначаникот на Битола, Тони Коњановски, по што следуваше расправа.

More from ВестиMore posts in Вести »