Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведувања за обид за напад на советници од Советот на Битола, за поседување пиротехника и дрога…

На 28.12.2022 во 21,20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола приведиле три лица на возраст од 48, 26 и 27 години сите од Битола затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на Општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив. Тие, исто така, се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.12.2022 на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола  лишиле од слобода 4 лица на возраст од 30, 33, 34 и 41 година сите од Битола. Тие биле затекнати како вршат продажба на разновидни пиротехнички средства. Пиротехничките средства биле одземени,а лицата биле задржани во полициска станица. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 28.12.2022 на ул. „Кузман Јосифовски“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода две лица на возраст од 26 и 38 години двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле службен разговор со 46 годишно лице од Битола. Тој се сомничи дека во повеќе наврати на неколку лица им ветувал дека ќе им посредува во извршување на различни услуги и за тоа од нив барал надомест. Како што е пријавено, тие му ги дале парите, но услугите не биле завршени и потоа не им се јавувал на повиците. Тој ги признал делата и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

More from ВестиMore posts in Вести »