Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Благој Ристевски, нов декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола

Со визија за напредок и развој, проф. д-р Благој Ристевски го започна својот тригодишен мандат како декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола. Пред Наставно- научниот совет ја презентираше тригодишната програма за развој на ФИКТ во Битола и годишната програма за работа која се темели на предлози и активности за подобрување на квалитетот на наставно- образовната, научно- истражувачката и апликативната дејност, како и предлози за унапредување на меѓународната соработка и соработката со стопанството.

Проф. Ристевски истакна дека визијата на ФИКТ, како единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола да стане препознатлива високообразовна и општествено- одговорна институција која продуцира кадри од областа на информатиката, компјутерска техника и информатика.

Според него, студентите имаат централно место во високообразовниот процес и затоа е потребно обезбедување на современ, квалитетно и добро организиран наставно- образовен процес. Факултетот во своите активности предвидува поттикнување на истражувачката кариера и претприемачкиот потенцијал на студентите.Денес, Наставно- научниот совет на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, со тајно гласање донесе Одлука за избор на три нови продекани: 

Проф. д-р Божидар Миленковски- продекан за финансии,

проф. д-р Костандина Велјановска- продекан за наука и соработка и

проф. д-р Моника Марковска- продекан за настава.

Со ова е комплетиран тимот на ФИКТ со одговорност за реализација на предвидените активности во Програмата за работа. Новото раководство на ФИКТ најави во периодот што следува проактивно ќе се ангажираат во сите домени на работа, со цел да се постигнат видливи резултати, кои ќе овозможат препознатливост на ФИКТ на национално и меѓународно ниво.

More from ВестиMore posts in Вести »