Press "Enter" to skip to content

Во “Жан Митрев – дијагностик Битола“ компјутерската томографија со најсовремени апарати

“Жан Митрев Дијагностик Битола“ располага со најнов компјутерски томограф “Canon Aquilion Lighthing“ и дигитален рентген апарат “Riviera LP PLUS“. 

-Компјутерската томографија е современа детална дијагностичка процедура која служи за дијагностицирање на многу болести и состојби. Компјутерскиот томограф “Canon“ овозможува нативни снимања и снимања со контраст. При изведување на снимањата со контраст, контрастот се вбизгува преку автоматизиран инџектор, целата процедура е брза и неинвазивна, вели дипломиран радиолошки технолог, Моника Рајчиноска.

Кои КТ дијагностички процедури се изведуваат во “Жан Митрев Дијагностик Битола“, Рајчиноска вели:

-Кај на се изведува коронарографија, КТ на срце за дијагностицирање на заболувања и вродени аномалии на срце, графтографија, снимање на аорта, каротидографија, периферни крвни садови, венографија. Исто така се изведуваат снимања на врат, глава, череп и мозок со постпроцесинг анализи по стандард, како и снимање на граден кош и бели дробови, абдомен и мала карлица и скелет. Може да се врши и виртуелна колоноскопија, снимање на дебелото црево-неинвазино и угодно за пациентот.Дигиталниот рентген апарат овозможува дигитално снимање а со тоа се овозможува изразено намалување на рентген дозите на зрачење и брза обработка на рентген графиите. Добиваме квалитетна рентген графија за точна дијагностика. Се изведуваат нативни рентген графии на целиот локомоторен систем, вратен, торакален и лумбален рбет, бели дробови, абдомен и глава.