Press "Enter" to skip to content

Лекарот Михајло Вангелов и сопругата донираа во дневниот центар за лица со попреченсот

По повод новогодишните и божикните празници лекарот, Михајло Вангелов и неговата сопруга ги израдуваа штитениците на Дневниот центар за лица со попреченост, со новогодишни подароци. При предавањето на донацијата, Михајло Вангело рече:

-По повод престојните празници, јас и мојата сопруга во ЈУМ ЦСР Битола Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост Битола, во рамките на нашите можности, дониравме “смарт“ телевизор, каде што децата но и едукаторите ќе можат да следат најразлични едукативни содржини за поттикнување на правилниот детскиот развој и се надевам дека ќе имаат само корист од овој скромен подарок, воедно за среќата да биде поголема за децата дониравме и новогодишни паќетчиња, и додаде.

-Посакувам Среќна Нова година и новогодишни празници на сите граѓани. Се надевам дека оваа донација ќе биде поттик за голем број на граѓани и опшествено одговорни фирми кои во наредниот период би го помогнале овај дневен центар, бидејќи не заборавајте, секое дете заслужува безгрижно и среќно детство.

More from ВестиMore posts in Вести »