Press "Enter" to skip to content

Во Битола магливо и постудено, попладне маглата ќе се намалува

Денес, сабота, 31 декември, последниот ден од годината, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала облачност, по котлините маглата ќе се намали, но сепак во некои од нив ќе се задржи магливо и постудено. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура во Битола до 9 степени

Утре, 1 јануари 2023 година, во Битола, времето ќе биде претпладне со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура во Битола до 11 степени

More from ВестиMore posts in Вести »