Press "Enter" to skip to content

Најубавите новогодишни чeститки од мајките, во магичните домови за нашите најмили од Битола (фотогалерија)

Подготвил: Жанета Ристевска

Магична атмосфера во домовите во Битола насекаде…Најповеќе се радуваат најмалите и најмилите. Бајките постојат и одсекогаш постоеле за развивање на фантазијата и имагинацијата кај децата. Нивните мајки им ја доловуваат оваа бајка во нивниот топол дом, со голема љубов и внимание. Со тоа на непосреден начин ја развиваат нивната фанатазија, но и почитување на големите верски празници кои ни доаѓаат Коледе, Бадник, Божик.  Се смета дека децата кај кои родителите развиваат верба во добро, имаат доверба во нив и се радуваат на празниците и желно го исчекуваат нивното доаѓање. На оваа тема зборуваваме со  нашите соговорчички млади современи мајки, кои од мали нози им ја раскажуваат Новогодишно божикната бајка на своите деца, каде секогаш победува доброто над злото. При тоа воспитувајќи, ги учат на добро, зло, лошо, правилно, праведно, неправедно, убаво, грдо…на праведност, дарежливост, споделување со другите. Низ фотографии кои вредат повеќе од илјада зборови од домовите на Тара, Андријана, Јасмина, Тања, Ана, Елена и нивните деца. На овој начин тие испратија честитки за добро здравје, среќа, радост насекаде.

Тара Ристевска Мојсовска со ќеркичката Бистра

Годината што измина беше најголемиот личен предизвик за мене. Доживувањето на искуството со бременоста, а подоцна и со остварувањето на улогата како мајка, навистина направија огромна пресвртница во моето дотогашно живеење. Особено значајна и возбудлива беше втората половина на 2022 г., откако се роди мојата ќерка Бистра.Таа има 5 месеци и одлично напредува, а нејзините насмевки ми се најголемата мотивација и неизмерна среќа. На сите читатели на BitolaNews им посакувам среќна Нова 2023 година; со љубов, со надеж и со верба дека секој од нас ќе стане подобар човек во неа.

Андријана Шиндевска Груевска со ќеркичката Софија

Како млада мајка уживам во сезоната која доаѓа. Празниците можат да бидат бурни и стресни со премногу работи што треба да се направат и премалку време поради професионалните и работните обврски. И покрај работните обврски, неа и сум посветена целосно. Од самиот почеток ја вклучувам во секоја активност, па така и оваа година заедно ја украсувавме елката и домот, боиме, цртаме, пееме песнички. Како родител сакам да расте во духот на вредностите што се слават во секој период од годината.Софија расте со верување во Дедо Мраз, Снешко кој зборува и многу џуџиња – помошници. Новогодишната и Божиќната магија е заразна. Верувајте, препуштете се на моментите кои следуваат, бидејќи доколку вие ја почувстувате магијата – ќе ја почувстуваат и тие. Среќни празници! Андријана и Софија

Јасмина  Стојаноска Лајмановска со Мила и Михаил

Со нетрпение го чекам декември за да ја започнам мисијата за „претворање“ на мојот дом во бајковита идила. Секој ден на почетокот од овој месец со моите деца отпакувавме украси, светилки, лампиони и украсувавме по некое ќоше во домот.Колку поблескаво, толку позабавно. Но, елката ни е секогаш најзабавниот проект. Оваа година покрај лампионите во неа најдовме место и за многу мекани и дрвени играчки, еленчиња, пингвини, мечиња, снешковци. Им посакуваме исполнување на сите желби кај сите деца во Новата 2023 година.

Тања Николовски со Софија и Алексеј

Секое приближување на 31-ви декември за нас е еуфорија и убава, позитивна енергија. Традиционално како секоја така и оваа година започнуваме со китење на елката, па за да ја доловиме таа новогодишна магија, атмосверата ја збогатуваме со новогодишни божиќни  песнички.Сите заедно декорираме со светилки и новогодишни украси и за крај завршуваме со нашата новогодишна фотосесија во домашна атмосфера. Од секогаш сум била фан на убавата декорација и пробувам да го следам трендот црпејќи ги идеите од интернет, па се надевам дека и моите деца ќе го наследат тоа. Среќа и радост во сите домови во Новата година.

Ана Масларова Поп Андонова со Софиа и Атина

За  Софиа и Атина се е магично, тие ги сакаат бајките особено Новогодишните и Божикни каде Дедо мраз патува и дарува подароци на сите деца во светот.Добриот старец на санка со многу подароци  е тука да ја пробуди: праведноста,  дарежливоста,  добрината,  желбата да и тоа наградува за добри дела  и дели со други, еден ден. Така ја примаат пораката за емпатија со другите личности од мали нозе. Среќа, радост, здравје во сите домови во  Новата 2023 година!

Елена Тасевска Галовска со синот Дамјан

Секоја година носи нови радости и предизвици, заеднички моменти поминати со нашите најблиски. Се радуваме и со нетрпение ја очекуваме празничната магија. Но оваа година е посебна за нас. Ние решивме Новата Година да ја дочекаме во нашиот нов дом, со нова снежна елка. За сето тоа да изгледа прекрасно и магично, најмногу ми помогна најмалиот член од семејството, моето синче Дамјан. Тој е извор на мотивација за сè штоправам.Нема ништо поубав од тоа кога ја гледам радоста во неговите очи,дека и тој помогнал за сé така да изгледа ,,посебно”. Неговитенеограничени идеи за украсување ги пренесовме во секое катче однашиот топол дом. Заедно напишавме писмо за Дедо Мраз и испековме вкусни Божикни колачиња кои ќе го пречекаат неговото доаѓање.. Покрај многуте купени, оваа година решивме од стари сијалици да изработивме и наши рачно изработени лампиони (Снешко, пингвин, ирвас Рудолф…). Ви посакуваме Среќна и бериќетна Нова 2023 година  на сите читатели на bitolanews.

Со позитивни мисли и чувствувајќи ја магијата на празниците низ фотографиите на најмалите можеме да се вратиме во нашето детство кога верувавме во бајки и Дедо Мраз. Но, зошто да не постојат  и сега во нашиот свет на фантазии како возрасни личности, ако се чувствуваме добро во Новогодишно – божикната  бајка на убаво и совршено, победа на доброто над злото, макар и во деновите за овие новогодишни празници. Сите сакаме да веруваме во најголемата желба во Новата 2023 година, а тоа е победа на доброто над злото во светот.

More from ВестиMore posts in Вести »