Над 60 вљубеници во планината од 10 градови, годинава ја доживејаа магијата на првото изгрејсонце на Пелистер. По 12 пат, во организација на “Олумпус Монс“ од Битола, се реализираше турата со симболично име “Први на први“ за ноќно искачување на највисокиот врв на Баба Планина, со цел првото изгрејсонце во Новата година да се дочека на 2601 метар надморска височина, а искачувањето го започнаа неколку минути после полноќ, од Инфоцентарот на НП “Пелистер“ на 1.350 мнв, или како битолчани го викаат тоа место “Вилата на Лазо“.
-Искачувањето, како е познато е по патека долга 14 км, преку, “Цапарска пресека“, “Ловечка куќа“, се до врвот Пелистер каде пристигнавме околу 5.30 часот. „Први на први“ е прв спортски настан на Балканот, можеби и поширок, и полека но успешно прераснува во еден препознатлив битолски бренд. Со овој настан сакаме да ja поттикнеме љубовта кон планината и планинарењето, вели Иванло Тошевски, претседател на “Олимпус Монс“ организатор на настанот.
-Секогаш магијата на првото изгрејсонце на Пелистер е уникатна, денес посебно, поради ведрото време, а годинава надополнета со огномет. Настанот „Први на први“ е во рамките на новогодишната програма на Општина Битола, “Зимска приказна“.

“Први на први“ 60 планинари се искачија на Пелистер во организација на “Олумпус Монс“ од Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Убавината како став“ настан што го слави женското претриемништво во Битола (фотогалерија)
- Пелистер во Битола со +30 му врати на Куманово за поразот од Купот во најдоброто издание сезонава (фотогалерија)
- СВР Битола: приведени две лица, едниот возел 101 км/ч дозволено било 50, вториот физички ја нападнал сопругата
- Марјан Неделкоски координатор на Општинскиот комитет на Македонски Концепт – Битола
- Нова победа за АК Олимп: Бојан Чаприќ најбрз на 5 километри во Кавадарци





