Press "Enter" to skip to content

Двата битолски ракометни клуба во Битола стартуваат на 9 јануари со подготовките

РК Еурофарм Пелистер ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната 2022/23 на деветти јануари во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола. На прозивката на тренерот Ларс Валтер ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска. Првата фаза ќе биде реализирана во Битола, а од 26 јануари екипата ќе замине на подготовки во Србија, каде ќе одигра неколку контролни натпревари.

РК Еурофарм Пелистер 2, исто така,  ќе ги започне подготовките за вториот дел на сезоната 2021/22 на деветти јануари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. На прозивката на тренерот Александар Јовиќ ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска. Комплетните подготовки екипата ќе ги мине во Битола, а предвидени се неколку контролни натпревари кои дополнително ќе бидат дефинирани и објавени.

More from ВестиMore posts in Вести »