Со упокојувањето на нашиот долгогодишен член, Владимир Костов, изгубивме добар соработник, извонреден творец, книжевен хроничар на Битола, философ, зналец и познавач на многу области од човековото живеење, виртуоз на перото, а пред се, човек.
Во негова чест, во знак на сеќавање, во месеците кои следуваат од 2023 година, Друштвото ќе организира стручна трибина на која посуштински ќе биде елаборирана и претставена неговата повеќедецениска книжевна дејност.
Во овие тешки мигови, примете искрено сочувство од членовите на Македонското научно друштво – Битола, се вели во соопштението на МНД, потпишано од проф. д-р Невена Груевска,претседател на Македонско научно друштво – Битола.