Press "Enter" to skip to content

Одбиена и ицијативата на Советот на Општина Битола за субвенционирање на електричната енергија

Владата и Министерството за финансии го одбиј барањето на Опптина Битола, на усвоената иницијативата на седница на советот на општина Битола за субвенционирање на електрична енергија на жителите на општина Битола со 100 милиони денари, а во писмото доставено до Општина Битола се вели:-Во врска со барањето за донесување одлука за субвенционирање на електрична енергија на жителите на Општина Битола доставено со допис број 09-163/1  од 29.09. 2022 година, Министерството за финансии ве известува за следното:

Општина Битола известува дека на седницата на Советот на Општина Битола одржана на 16.09.2022 година усвоила иницијатива за донесување Одлука за субвенционирање електрична енергија  на жителите на Општина Битола од страна на Владата на Република Северна Македонија во висина од 100 милиони денари. 

Министерсвото за финансии известува дека од буџетот на РСМ континуирано се обезбедуваат финансиски средства за справување со енергетската криза. На ваков начин преку навремена поддршка во енергетскиот сектор е надминат проблемот во снабување со електрична енергија, се со цел да се заштитат граѓаните од ценовните шокови.

Имајќи го предвид горенаведеното Министерството за финансии не може позитивни да се произнесе по барањето.

More from ВестиMore posts in Вести »