Press "Enter" to skip to content

Денес е Свети Наум, вечер се палат огнови за Коледе

Православните христијани денес го слават денот посветен на големиот светец Свети Наум Охридски Чудотворец, за кого меѓу народот има многу преданија и легенди, а мала црква постеветена на овој светец има во центарот на Битола, кај “Гроздот“.

Преподобен Наум Охридски Чудотворец бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите Кирил и Методиј. Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. 

Светата Црква набргу го вброила преподобен Наум во соборот на светите, а манастирот што тој го оснавал на брегот на Охридското Езеро, станал познат меѓу народот како манастир на свети Наум. Таму и досега почиваат неговите свети мошти, лекувајќи – со силата на Христовата благодат – душевни слабости и болести.

Вечерва според македонските обичаи, на 5 јануари започнува славењето на Божиќните празници. Вечерта спроти Бадник првите коледари го палат коледарскиот огин…

Вечерта спроти Бадник првите коледари го палат коледарскиот огин и притоа се пејат песни, се игра и се пие топла ракија. На тој начин се „бркаат“ злите духови од земјата.