Press "Enter" to skip to content

Промени на тренерската позиција на ФК Пелистер од Битола, Бобан Бабунски нов тренер

ФК Пелистер од Битола спогодбено го раскина договорот со сега екс-тренерот шест месеци пред истекот на договорот, а за нов шеф на стручен штаб е назначен Бобан Бабунски кој се обврза на договор до јуни 2023 година со опција за продолжување на соработката за уште една сезона, а условот е пласман во Првата фудбалска лига.

Бобан Бабунски е на возраст од 54 години и е добро познато име, поранешен македонски и југословенски репрезентативец и селектор на сениорската и младинската репрезентација на Македонија. Во својата тренерска кариера ги водеше Вардар, Работнички и Победа.

Неговото претставување и почеток на подготовки е закажано за понеделник деветти Јануари 2023 година.