Press "Enter" to skip to content

Во “Ушици“ од 1965 година, по 59. пат коледарски оган, в година за 60. години постоење на населбата прослава на Коледе со кум и програма (фотогалерија)

-Некој одобрува палење оган, некој не, но во населбата “Ушици“ во Битола коледарскиот оган вечерва го најави Христовото раѓање.

-Како и пред 59 години, така и вечерва  е запален големиот коледарски оган, во паркчето во кое во лето се игра бељот, а во зима се пали огнот, препознатливо за оваа населба во Битола.

-Договор за голема прослава по повод 60 години постоење на населбата и исто толку години палење на коледарски оган, кум ќе биде Митко Лозановски, кој е најзаслужен за паркчето “да личи“ и за палање на огнот. Палење на огнот за Коледе во населбата “Ушици“ во Битола, продолжи и оваа година, односно 59. пат од кога постои населбата во Битола, а оваа година жителите од “малата“ го запалија огнот и ја продолжија шест децениската традиција, од кога се пали оган. Веднаш по започнувањето со вселувањето во новите куќи во населбата во 1964 година, на местото на стариот “Расадник“, започна да се пали коледарскиот оган, на истото место, во паркот, помеѓу улиците “3-та“ и “2-ра“, се запали вечерна на 5 јануари 2023 година.Дејан Димовски е од помладите генерации во “Ушици“, но и овој пат како и претходните години е дел од лицата кои ја имаат честа да го палат огнот за Коледе, ни рече:-Лани започнавме нешто се договораме, за тоа како да го прославиме јубилејното 60. по ред Коледе во “Ушици“, а сега “падна“ договор. Тоа ќе биде тука, во паркчето, а заедно со Коледе да го прославиме и јубилејот, 60 години, од кога започнаа да се населуваат првите жители во, тогаш, новата населба. Ние предложивме, а прифати кум да биде Митко Лозановски, кој рака на срце, е најзаслужен за паркчето, редовно го чисти, “ги малтретира“ вработените во “Комуналец“, па и денес наутро го исчисти паркот самиот. Честа да го запали в година 60 по ред оган во “Ушици“ ќе му биде на Митко Лозановски, кој е тука од почетокот на изградбата на куќите, и кој ги постави првите клупи во паркот и првата маса за бељот, заедно со Пеце Смилевски, кој е сега во Австралија и тогаш помалите во населбата, Оливер, Сашо, Тоци…-Прво да ви кажам дека ми е мило што и годинава сме тука “на оган“ за Коледе, живи и здрави. Прифаќам да бидам кум в година, да го запалам огнот, но ќе кажам дека сакам да го запалам со најстариот во населбата, чичко Фидан, кој има повеќе од 90 години. Секако ќе бидеме заедно и сите ќе направиме нешто за сите нас, жителите од Ушици. Да се собереме сите од тука, сите кои се иселени во други делови на Битола, а нека повелат и оние кои се во странство, а потекнуваат од тука, од “Ушици“, а ги има многу, и додава:-Мене ми викате дека сум “одговорен“ за паркот можеби 40 години, но мора да ги споменам и другите кои се грижат Благој, Дејан, ти кои ни пишуваш и си со нас цело време, Цанко, и сега помладите Филип, Мартин, Бојан, најмалите Дамјана, Филип… да не ги набројувам сите, а сите заедно ќе направиме идното Коледе да биде нешто што ќе се памети, и нека започне една традиција која се практикува, да има кум за прославата, а тоа да биде некој од нас.А, тука покрај огнот не се само жителите на “Ушици“ кои живеат во “малата“, тука се и оние кои во изминатите години се преселени во други маала во градот од “Ушици“, но тука се за Коледе, секоја година.-Некој доаѓаат, некој не, кој како сака и како може, но идното Коледе сите ќе бидат тука, на оган и на прослава. Тука започнале да живеат моите дедо и баба Рафе и Добринка, а на моите деца прадедо и прабаба. Тое не е мала работа. На оган бил дедо ми, а сега неговиот правнук Дарио е вечерва, традицијата ќе продолжи, вели Филип Сековски, од фамилијата Рафевци, како ги викаа во “Ушици“, кој ќе биде дел од организациониот одбор за организирање на прославата и одбележување на јубилеј0т.-Секоја година во “Ушици“ за Коледе сме заедно колку  дозволуваат условите, а ние и во лето се дружиме, иако сме погласни, но тука сме наши, нема некои поголеми забелешки.  Дали било комунизам, социјализам, капитализам, и дали поповите кажуваат дали да се пали оган или не, да се јаде покрај огнот или не, оган тука се палел и мора да кажам дека тука, во “Ушици“, никогаш немало некој да бил против. Се краделе дрва за оган, горел до сабајле, ние од ова место сме се дружеле и пак ќе се дружиме, вели Цанко Петровски, за кој покрај Митко може да се каже дека е “сведок“ на сите огнови кои се запалиле низ годините наназад, откако е изградена населбата.Тука на едно место се четири генерации, а како некои рекоа можеби има и петта генерација, на огнот “кај картите3 е запален огнот по 59. пат, а ќе гори на овој ден уште 100 години како велат… а ќе се продолжи традицијата која ја започнаа нивните дедовци, татковции Душко, Спире, Мендо, Рампо, Коле, Рафе, Коста, Џајко, Бале, Сандре, Томе, Крсте…Вечерва традицијата ја продолжуваат помладите генерации, но на друг оган, да не се “мешале“ со “старите“, кои исто како и нивните татковци и дедовци палат оган, а ветија дека в година ќе има само еден оган, “кај картите“ и дека сите заедно ќе бидат на 60. по ред оган, исто колку и што постои населбата.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »