Press "Enter" to skip to content

Сопругата на претседателот во предбожиќна посета на Битола

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска по повод божиќните празници, во Битола ги посети ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ и ЈУ Домот на доенчиња и мали деца.

При посетата на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, Ѓоргиевска го посети детското одделениe. Во оваа установа, таа имаше средба со нејзиниот директор д-р Александар Обедниковски со кого разговараше за актуелната состојба и функционирањето на клиниката.

Во Битола, сопругата на претседателот беше во посета и на ЈУ Домот за доенчиња кадешто беше пречекана од ВД директорката Анета Талеска. Во рамки на посетата, Ѓоргиевска се дружеше со децата кои престојуваат во домовите.

More from ВестиMore posts in Вести »