Божикните празници беа одбележан во просториите на ЈОУ Дом за стари лица “Сју Рајдер“ Битола со црковна музика од Византискиот црковен хор “Св. Нектариј Битолски“, песни од ѕвездоводилките на “Бадниковите поворки“ и бадникови пакетчиња за корисниците на социјалните услуги што ги нуди установата.Настанот, се одржа на Бадниковата вечер, во кој сите уживаа во божиќната магија која зрачеше со мир и спокојство, беше овозможен од Сибела Алимовска – претседател на граѓанската организација “22 Ноември“ Владо Јошевски и Јована Михаела Цингар – активисти и хуманисти на хуманитарна организација “Св. Спас“, Димче Каневче активист и хуманист, Јасна Николовска – организатор на “Бадниковите поворки“.
За одржување на овој настан на радост на штитениците на Старскиот дом помогнаа на Општина Битола, “Агро Леска“, Дооел “Ариџ“, хепар центар Битола, како и јавни и приватни донатори во соработка со новата директорка на ЈОУ Дом за стари лица “Сју Рајдер“ Битола, м-р Марина Крстиќ.

Божик во старскиот дом “Сју Рајдер“ во Битола насловен “Запрете за миг и запејте во име на Бога” (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мила Нечовска, млада пијанистка: пред натпревар вежбам секој ден околу три до четири часа, напорно е, но кога се сака се се може
- СВР Битола: претрес во Битола, приведена 53 годишна битолчанка, пронајдена марихуана и амфетамин
- Инженерски прстен за студентка Сара Петковска од Техничкиот факултет – Битола
- СВР Битола: физички напад во градскиот пазар, каснување од куче скитник, превентивна акција во чаршијата
- На денот на животната средина во Битола “Еко-пријателска мобилност“ – фестивал за еко-мобилност