Press "Enter" to skip to content

Витлеем- местото на раѓање на Исус Христос, од патувачкиот дневник на битолчанката Лидија Стефановска, “Пат околу светот во 2022 – 100 илјади километри на 5 континенти“ (3) (фотогалерија)

Подготвил: Жанета Ристевска

Во годината што измина 2022, нашата сограѓанка Лидија Стефановска, специјалист – ортодонт од Битола, на својота авантура  “Пат околу светот“ помина над 100.000 км и посети егзотични места на 5 континенти, а денес ќе не “однесе“ во Витлеем- местото на раѓање на Исус Христос.

-Слава на Бога на највисокото небо,а на земјата мир меѓу луѓето, добра воља, на оние на кои почива неговата милост“.Да, Витлеем, таму каде што е роден Исус, Синот Божји. Витлеем денеска е палестински град јужно од Ерусалим на Западниот Брег.  Библиското родно место на Исус, тоа е главна христијанска дестинација за аџилак.  Раѓањето е обележано со инкрустирана сребрена ѕвезда во грото под црквата на Христово раѓање од 6 век, која го дели плоштадот Мангер со црквата Света Катерина од 15 век и џамијата Омар од 1860 година.Црквата на Христовото раѓање првично била нарачана од Константин Велики во чест на неговата мајка Елена која ги посетила Ерусалим и Витлеем.

Повеќепати уништувана, црквата била наново изградена како Базилика од Византискиот император Јустинијан кој додал трем и крстови ден трансепт комплетиран со три апсурди.Влезот, заради наездите на разновидни напаѓачи е исклучително смален, па треба да се поднаведнете за да влезете во истата.

Сеуште траат реставрациите во ова исклучително важно христијанско светилиште. 

Тука  е единствено место каде што Богородица е насмеана на иконата, радосна заради раѓањето на Синот Бижји.

Колкава е количината на радост и среќа што може да се понесе од тука? Јас немам одговор, не може да се измери, може само да се доживее, особено во вакви денови кога го славиме раѓањето на нашиот спасител, нашиот Господ Исус Христос! Христос се роди, навистина се роди!