Press "Enter" to skip to content

Денес се празнува втор ден Божиќ – Собор на Пресвета Богородица

Денес, на втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.

На вториот ден од Божик христијанската Црква и оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресвета­та Богородица. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.