Press "Enter" to skip to content

Вангел Алтипармаковски од Битола – тренер во ФК ХОФТ Монголија: ја имав таа среќа да учам од најдобрите тренери во Работнички

Жанета Ристевска

За понудата да дојдам на место тренер од ФК Хофт од Монголија, се двоумев, но воопшто не се каам што дојдов тука за тренер. Склучив договор на една година и многу сум задоволен од условите тука. Фудбалскиот клуб Хофт го носи името на најголемата фармаколошка компанија која е и сопственик на истиот. Монголија се простира на огромно  пространство, степи, планини и пустини. Прекрасни предели и глетки. Таа е земја на потомците на Џингис Кан. Најголемиот споменик на Џингис Кан се наоѓа тука. Тука луѓето се поопуштени, нема тензија. Фудбалот се разбира е популаерн спорт тука, но број еден спорт е борење.Започнавме неврзано за Монголија држава во која моментално е тренер во ФК ХОФТ. Вангел Алтипармаковски првиот соговорник во Новата 2023 година рубрика интервју. Го искористивме неговиот престој за Новогодишните празници во Битола,  за разговорот. Низ кој ни пренесе и интересни впечатоци од Монголија, но и за улогата на тренерот во клубот, за себе и своите почетоци.-Играм фудбал од најмала возраст. Во подмладокот на ФК Пелистер од  својата 8 година. Ги поминав сите категории во Пелистер. Како фудбалер бев талентиран, ме бараа во сите клубови во Македонија. Играв во Пелистер, Победа, Работнички во Македонската лига.  До својата 24 година, кога увидов дека нема да бидам најдобар, како фудбалер. Бев искрен со себе. Ќе кажам дека и покрај талент, секој не станува успешен фудбалер. Тука се повеќе фактори кои влијаат на тоа: повреди,  погрешен избор на клуб, сето тоа може да те врати назад и до 2-3 години и покрај вложените напори на тренинзи и слично.На мои 24 години се одлучив да се пробам како тренер. Анализирав и забележав дека  никој не гледа нешто да направи на подолги патеки. На пример школата за младинци, клубот да се среди… Секој гледа сезонски. Прашав дали може да ја водам школата во четирите младински  категории. Од јануари до јуни без плата да се видам дали сум, ме бива за таа работа. Ме ставија. Почнав со пионерите. Во тој период беа 8. на табелата од 12 екипи. Започнавме со тренинзи од јануари. Дојде јуни завршивме втори, за малку први. Продолжив до ноември. Резултатите почнаа да покажуваат за мојата работа, мојот вложен труд. Задоволни деца, родители. Тука немаше лага. Со ова почнаа некои опструкции.  Заради ова и некои непревилности кои ми сметаа, самиот заминав од клубот. Само ќе кажам дека  за таа  една година ни денар не зедов. Мислам дека тие што требаше  да ценат, тоа не го направија.Тренер во ФК Работнички

-Во тој период кога заминав од Пелистер, Игор Ангелевски – Мрме беше тренер на Работнички. Ми понудија за Скопје и веднаш заминав. Имав 26 години. Но тие се сепак години кои се смета дека си млад за оваа работа. Не те гледаат сериозно. Затоа се зафатив да започнам и истерам една помала генерација. Така и беше, започнав со пионери и  потоа продолжив. Во Работнички поминав убави 7 години. Во тие години поминаа најдобрите тренери од Македонија, но и од странство. Ја имав таа среќа да учам таму од најдобрите. Еве ќе го посочам Мрме…  кој сметам дека е еден од најдобрите тренери кај нас. Ќе кажам дека  начив многу.  Исто така многу добри, прекрасни услови за работа, се работи со едни од најталентираните деца во Македонија. За овие години  излегоа професионални фудбалери кои играат во големи клубови. После 7 години поминати во Работнички, испадна комбинација со ФК ХОФТ. На понудата најпрво се двоумев. Монголија ми изгледаше многу далечна. Но прифатив и воопшто не се каам. Моментално сум таму и презадоволен од условите за работа.Тренер во ФК Хофт 

-Најголемата компанија за лекови во Монголија “ХОФТ“ го има и клубот кој го носи и истото име. Тимот игра во прва лига. Нема високи цели, а со тоа и нема тензија. Не сме први, но сме добри 2-3 место. 10 клубови се во прва лига и 10 во втора лига. Лигата започнува во август завршува во јуни. Се игра на еден стадион во главниот град Улаанбаатар, кој има вештачка трева заради ладното време тука. Сите 5 фудбалски натпревари се играат тука.Но, се е перфектно средено од стадион, соблекувални, рефлектори, семафори. После секој натпревар прес конференции, се по високи фудбалски стандарди. Во лигата има покрај мене  србин, словак тренери. Играчите се поголемиот број Азијати, Јапонци…За Монголија

-Се наоѓа во Азија, тоа е држава со големи пространства на степи, планини и пустини. Главниот град Улаанбаатар има  2 милиони и е најнаселен град во Монголија. Скоро половина од населението живее тука. Изгледот на градот е необичен. Порај модерните облакодери има будистички храмови и традиоционални монголски јурти. Се зборува Монголски јазик. но постарите генерации  Монголци знаат и руски јазик. Помладите генерации знаат и комуницираат на англиски. Пишуваат со кирилско писмо. Луѓето тиука се поопуштени, среќни, задоволни, нема нервоза…Правам спореба со кај нас. Овие денови додека сум тука, со сите луѓе со кои се сретнав се на еден начин  негативно настроени кон се. Се зборува само лошо и неубаво.  Исклучоци многу малку беа. Гледам наоколу кафулиња, ресторани полни, сите дотерани, а сите се жалат.

Можеби очекувањата се различни кај луѓето тука и таму. Или сепак несигурноста на животот. Бидејќи платите тука и таму се тука некаде, но трошоците за струја, вода, цена на бензин, регистрација на автомобил, казни се многу ниски. Придонесите се само 10 проценти од нето плата. Заради сето ова можеби има влијание. Исто така воспитувани се во духот на заедништво и еднаквост. За прослави сите  се облекуваат во монголска носија, за да бидат еднакви. Монголија има прекрасни предели, со планини, степи големи пространства… Има убави ресорти со прекрасен поглед. Фотографиите зборуваат многу за ова што го зборувам. Мило ми е што ми се укажа можност да ја запознаам оваа земја.Идни планови

Има некои понуди од други клубови од други држави да дојдам на место тренер. Размислувам. Се уште тука ми трае договорот.

На прашањето „Што треба за дете талент да стане успешен  фудбалер?“  одговори: „Клучен фактор е тренерот,  најважен.  Тој треба да го насочи и научи на спортски, но и животни вештини, спортска култура се учи од тренерот.“Одговорот всушност  зборува за неговиот однос  кон својата работа и кон оние кои ги тренира. А тек е на почеток на својата кариера.  Со свои 32 години, со ентизијазам, мотивација, со своето искуство  да учи од најдобри тренери, пред него е предизвикот да избере клубови каде ќе се докажува понатаму.

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »