На почетокот на годината секој размислува за искористување на подобри можности во различни сегменти од својот живот. Размислува за промени на себеси. Промените и искористувањето на среќата и можностите кои доаѓаат со неа треба да го направиме самите ние.
Еве некои препораки:
-Поставете си реални цели. Со анализа на себе, како и на своите потенцијали и слабости. Не превземајте задачи и одговорности на себе кои не можете да ги направите, за потоа да се чуствувате немоќни, неспособни, а со тое и незадоволни од себеси.
-Развивајте ја својата самосвест. Со анализа на себе, како и на своите потенцијали и слабости. Тоа знаење ви нуди можност во потполност да ги искористите за постигнувања на животни успеси.
–Бидете задоволни со тоа што го имате, а да се чувствувате незадоволно бидејќи нешто немате. Поставете си цел која сакате да ја направите.
–Помалку перфекционизам. Да сфатите дека никој не е совршен. Ако сте искрени со себе и правилно се проценувате тоа ќе ви помогне да немате некои нереални очекувања од себе. Со тоа ќе бидете задоволнио со себе и своите постигнувања.
–Не донесувајте суд или не судите за другите луѓе(личности) врз основа на нивната политичка определба, социјален или економски статус, припадност кон заедница, пол, возраст… (врз основа на предрасуди)
–Почитувајте ги другите луѓе, нивните ставови, интереси, погледи кон животот…кои не мора да бидат исти како вашите. Ако не се сложувате покажете асертивност во комуникацијата. (Види текст “Асертивно однесување“ во рубрика Совети bitolanews.mk).
–Научете да кажете НЕ. Како во смисла на своите внатрешни нагони, желби, пориви. Тоа значи една самодисциплина на тоа што сакаме да го имаме и поседуваме ( Да го цениме она што го имаме, а не да го посакуваме она што не можеме да го имаме). Исто така во нашето однесување во социјалните односи со другите луѓе:да знаеме да се заштитиме себеси да знаеме кога треба да кежеме НЕ во одредени ситуации.
-Научете како да ги препознаете своите чувства. Поставувајте си прашања на себе „како се чувсвувам?, Зошто така се чувствувам? Да ги препознаете чувствата и емоциите. Да се обидете да ги разликувате и анализирате. Но при тоа немојте да ги преувеличувате, ниту минимализирате.
-Превземете одговорност за своите чувства. Не барајте надворешни објаснувања за она што го чувствувате, нашите чувства зависат од тоа како ние ја согледуваме ситуацијата. Или од нашата прецепција на истата.
-Заради тоа немојте постојано да се прикажувате како жртва на надворешни ситуации. Обидете се да препознаете што чувствувате и обидете се да разберете заради ШТО така се чувствувате.
–Предвидете ги своите чувства. Со анализа и рангирање на своите чувства научете однапред како ќе реагирате после одредена случка што ќе се случи. Избегнувајте да правите работи кои инспирираат негативни чувства и емоции кај вас.
–Бидете емпатични – Прашувајте ги другите луѓе како се чувстуваат Понекогаш не можете да знаете како некој се чувствува, ако не го прашате, освен ако имате нагласено развиена емпатија. Во секој случај морате прво да ги разберете, за да можете да сочувствувате со нив. При тоа слушајте активно и внимателно.
-Бидете што помалку осетливи. Ако некој ви забележи нешто со што не се сложувате немојте веднаш да се повлекувате или да напаѓате. Овие реакции зборуваат само за тоа како се носите со критицизам. Добро проанализирајте дали за забелешката се во право, заблагодарете на искреноста и запомнете ги нивните коментари.
–Проблемите согледајте ги целосно. Кога ќе ви се случи нешто и мислите дека цел свет ќе пропадне, размислете добро колку е вашиот проблем вистински сериозен и важен. Колку ќе биде важен за 10 години, 10 месеци, 10 седници, 10 минути.
–Бидете љубопитни. Ова ги поттикнува вашите интереси, желби и ќе ви помогне да се пронајдете себеси во она што вистински ве интересира и ве исполнува.Имајте хоби.
–Помалку технологија. Оставете ги мобилните за миг Интернетот и социјалните мрежи и вратете се на вистинската и правилна комуникација со другите луѓе каде чувствата и емоциите и емпатијата можат да се видат во вистинско и право светло.ВАЖНО
–Комуницирајте со очи, на тој начин интуитивно ќе воспоставите подобра комуникацаија и разбирање со другите луѓе. (Велат „Очите се огледало на душата и тие никогаш не лажат).
–Бидете позитивни и живејте во сегашноста водени од „Сега и овде“ со тоа нема да се „заглавени“ во минатото („што требаше да направам“) или очекувања за иднината („што ќе направам“…, што ќе биде…) Без реално проценување на себеси.
–Помагајте, дарувајте колку што можете, од срце, но без очекувања дека тоа треба да ви се врати ( потоа да не се почувствувате „искористено“)
-Грижете се за своето физичко и ментално здравје.