На првиот работен ден во оваа година, во ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола започнаа со подготовките за вториот дел од сезоната, а на првиот тренинг по прозивката на Ларс Валтер се извршија медицински тестови на ракометарите.Тренерот Ларс Валтер на ракометарите во спортската сала „Боро Чурлевски“ и им го соопшти планот за зимските подготовки кој ќе се одржат до крајот на јануари. Ракометарите ќе тренираат во следните две недели во Битола, а од 26 јануари во Врбас, каде ќе биде ќе биде базата. На 29 јануари и 2 февруари планирани се и два натпревари од СЕХА Гаспром лигата.
-Почнуваме денес и првата недела ќе биде физички тренинг. Потоа ќе почнеме да се фокусираме на одбраната, иако не се тука сите ракометари заради обврските кон националните тимови. Но, мора да ја одработиме програмата, иако многу напорна ќе биде првата недела. Потоа ќе внесеме повеќе ракомет и тактика на тренинзите и следната недела планираме контролен натпревар против Еурофарм Пелистер 2. На 26 јануари ќе работиме на мал тренинг камп во Србија. Ќе играме СЕХА натпреварите против Војводина и Нексе. Се надевам дека тогаш ќе бидеме во фаза во која треба да бидеме од подготовките, рече на првиот тренинг, тренерот Валтер.
Данскиот тренер очекува дека првите две засилува оваа пролет ќе бидат заздравените Велковски и Суси.
-Ќе видиме како Велковски и Суси ќе реагираат, оваа недела е период на тестирања. По неколку минути можам да видам дека Суси не е на нивото на кое сакаме да биде, но верувам дека во наредните неколку дена ќе биде подобро, додаде тренерот на “пелистерци“.
Еурофарм Пелистер се очекува во февруари да биде комплетен, кога ќе се вратат репрезентативците од Светското првенство. Единствено ќе недостига Руди Сери, кој подолго време ќе отсуствува заради повреда на коленото.
На прозивката отсутни беа репрезентативците Кузманоски, Кизиќ, Пешевски, Павле Атанасијевиќ, Костески (Македонија), Лесјак (Словенија) и Радовиќ (Црна Гора).
Првиот европски натпревар во 2023 година, Еурофарм Пелистер ќе го одигра на седми февруари во Данска против Архус.
По првиот дел од сезоната, Еурофарм Пелистер пренесува максимални три бода во плеј-офот, кој почнува на средината од февруари. Во Европа, битолчани презимија со пет бода по шест одиграни натпревари и на добар пат се да обезбедат место во елиминационата фаза.

Еурофарм Пелистер започна со подготовките во Битола, Валтер стартуваше без репрезентативците (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
More from СпортMore posts in Спорт »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Вечер мајсторка за полуфинале, Илиевски верува во кошаркарите и пласман во полуфинале