Press "Enter" to skip to content

Горан Козаров, директор на ЕСМ “Топлификација“: цевките на топловодот од РЕК стигнаа во Битола

Цевките кои ќе пренесуваат топлинска енергија од РЕК стигнаа до Битола. Започнаа градежните активности за спроведување на топловодот во индустрискиот дел од градот. Изградени се дванаесет километри од топловодната гранка од РЕК до Битола, информираше денес директорот на Топлификација Битола, Горан Козаров од местото во чија непосредна близина ќе се гради постројката за дотоплување на водата на влезот од градот.

-Ова е проект кој се посакуваше 40 години, откако е изграден РЕК Битола. Проект кој по своето значење и големина се сврстува во рангот на изграбата на РЕК, на Стрежево и други капитални објекти кои суштински го промениле или го менуваат животот во Битола. Топлификацијата ќе донесе придобивки кои ќе ги почувствуваат сите граѓани“, рече Козаров. Поставувањето на главниот топловодо од РЕК до Битола е прва од трите фази за изградба на топлификацијата. Во втората фаза ќе се гради градската мрежа и разводните шахти, а потоа ќе се градат одземач на пареата и постројка за дотоплување на водата. Кога ќе се поставува мрежата низ градот, ќе мора да се ископаат некои од улиците или тротоарите, но потоа ќе бидат вратени во првобитна положба, за што се обезбедени финансиски средства, вели Козаров.

-Топловодот ќе биде разгранет на две гранки – едната по улица „Иван Милутиновиќ“, а другата по „Партизанска“. Најпрвин, ќе бидат приклучени 37 објекти, тоа се државни институции, судови, полиција, училишта, градинки, болницата, одредени загадувачи и објекти кои многу загадуваат и кои многу трошат за згревање. трансмисија на огромни количества на гасови и загревањето на тие институции чини многу пари. Потоа, мрежата ќе се разгранува низ градот, рече Козаров.

За проектот Топлификација на Битола, Могила и Новаци се користи кредит од германската KFW банка во вредност од над 40 милиони евра, а дополнително АД ЕСМ инвестира 7 милиони евра сопствени средства. 

More from ВестиMore posts in Вести »