Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден пешак-возачот го напуштил местото, приведување за марихуана, каснување од куче скитник, 19 казни за брзо возење

На 09.01.2023 во 18.35 часот во СВР Битола било пријавено дека нa ул. “Тодор Паница“ во Битола, патничко моторно возило удрило во пешакот  на возраст од 71 година од Битола и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.01.2023 на ул. „Лавчански пат“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола лишиле од слобода 33 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 09.01.2023 во СВР Битола, С.П. (54) од село Крклино, битолско, пријавила дека на ул. “Прилепска“ во Битола била касната од куче скитник.

Во текот на вчерашниот ден (09.01.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 19 возачи. Од нив 18 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 1 возач надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »