Еурофарм Пелистер 2 синоќа во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ги започна подготовките за вториот дел на сезоната, а тренерот Александар Јовиќ на располагање има седумнаесет ракометари, кои се пријавија на првата прозивка по празничната пауза.Тренерот на помладиот битолски клуб очекува најмалку уште едно засилување за разигрувањето. Таму вети дека Еурофарм Пелистер 2 ќе биде најборбена екипа и во тој сегмент тимот не смее да биде надигран.
-Управата на Еурофарм Пелистер 2 правилно размислува и има добра стратегија и визија, а резултатите тоа го покажуваат. Ние трета сезона ќе играме во плеј-оф и мислам дека со нашите добри игри тоа го заслуживме. Напоредно создаваме играчи за првата екипа и остваруваме резултати. Подготовките ќе ги спроведеме комплетно во Битола. Ќе одиграме неколку меѓусебни натпревари со Еурофарм Пелистер, а може да играме и еден меѓународен натпревар, рече Јовиќ на стартот на подготовките, а за екипата додаде:
-Особено ми е мило што како најмлада екипа во првенството, се пласиравме во плеј-оф и пренесовме еден бод. Ќе бидеме најмлади и во плеј-офот и ќе си поставиме цели. Ќе играме растеретено, но со цел ниедна екипа не смее да биде поборбена од нас. Треба да играме квалитетна и агресивна одбрана, преку која ќе постигнуваме лесни голови во напад.
Петар Атанасијевиќ е дел од македонската репрезентација која ќе настапи на Светското првенство во Полска и Шведска, а Василије Печурица има обврски со младинската селекција на Црна Гора.
По првиот дел на Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2 го освои третото место во групата Б и пренесува еден бод во разигрувањето за титула.

Младите “пелистерци“ ги започнаа подготовките, Јовиќ со идеја да бидат најборбена екипа во плеј-офот (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
More from СпортMore posts in Спорт »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Вечер мајсторка за полуфинале, Илиевски верува во кошаркарите и пласман во полуфинале