Press "Enter" to skip to content

Превентивни активности на СВР Битола

Отсекот за превенција при СВР Битола реализираше превентивна активност на подрачјето на Битола со угостителски работници и сопственици на угостителски локали на одморалиштата на Пелистер и Нижеполе, а во насока на интензивирање на меѓусебната соработка со цел навремено информирање за можни нарушувања на јавниот ред и мир, како и други облици на насилно, криминогено и деструктивно однесување, и обезбедување на безбедна средина за туристите.

На угостителите во угостителските објекти им беше посочено да го почитуваат работното време, како и другите закони кои се однесуваат на нивното работење.

Исто така, денеска, на подрачјето на СВР Битола од страна на полициски службеници, а во соработка со РСБСП беше спроведена превентивна активнист под мотото – “Биди подготвен за безбедно патување во зима – користи зимска опрема, вози одморен, не користи мобилен телефон кога возиш“.

Со делење едукативни печатени материјали изработени во соработка со РСБСП и во непосредна комуникација со возачите полициските службеници укажуваа на задолжителната обврска за поседување на зимска опрема, како и на потребата од прилагодување кон зимските услови на патиштата, и строго почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на нивната безбедност, но и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

More from ВестиMore posts in Вести »