Press "Enter" to skip to content

Премиерот Ковачевски во посета на РЕК “Битола“: РЕК “Битола“ е во целосна употреба (фотоглерија)

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на РЕК “Битола“ каде е пуштен во употреба и третиот блок на Комбинатот.Заедно со министерот за економија – Крешник Бекреши, генералниот директот на ЕСМ – Васко Ковачевски, а нивни домаќин беше генералниот директорот на РЕК “Битола“ – Пеце Матевски.По завршувањето на обиколката на термо централата и просториите каде се блок-командите на сите три блока на РЕК “Битола“ кои се ставени во функција, Ковачевски на средбата со новинарите рече:-Како што сите можеме да видиме денеска овде, РЕК “Битола“ работи со полн капацитет. Монтажата на новиот трансформатор, што го изработи турската компанија “Астор“ заврши успешно. Пуштен е во употреба и третиот блок во РЕК “Битола“, којшто веќе испорачува електрична енергија. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија.Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека, како што и вети Владата, на почетокот на енергетската криза, сите напори се насочени за да се обезбеди што поголемо производство на домашна електрична енергија, за да се заштитат граѓаните и фирмите од енормно високи цени на струјата, што ги наметнува светската криза од војната во Украина и констатираше дека резултатите доаѓаат кога се работи одговорно, чесно и посветено.-РЕК “Битола“ произведува над 60 проценти од домашното производство на струја. Во 2023 година, планирано е над 70 проценти од домашно производство на електрична енергија да биде произведено од термоелектраните во сопственост на државата. Производството на електрична енергија без Блок 3, со максимално ангажирање на другите два блока во 2022 година изнесуваше 2.350 GWh. Во 2023 година од овој капацитет на РЕК “Битола“,  планирано е производство на над 3.000 GWh.Министерот за економија, Крешник Бектеши кратко рече:-Денеска нека зборува работата на трите блока во РЕК “Битола“, а јас сакам само да ја искористам приликата јавно да им се заблагодарам и воедно да им честитам на сите враборени во РЕК “Битола“ за макотрната работа за време на енергетската криза, а воедно сакам да му се заблагидарам на премиерот за довербата да работиме и да ги ставиме, за прв пат во Македонија, сите државни капацитетите да бидат на мрежа. Генералниот директот на ЕСМ – Васко Ковачевски, по обиколката на термоцентралата рече:-РЕК “Битола“ за оваа година, 2023 година, планирано е над 70 проценти од домашно производство на електрична енергија да биде произведено од термоелектраните во сопственост на државата, а Комбинатот произведува над 60 проценти од домашното производство на струја. Дневната потрошувачка на јаглен, со три блокови, е околу 20 илјади тони на ден, ископот на јаглен е засилен и производството со подобар квалитет, а на депонијата за јаглен има јаглен за евентуални испади во делот на снабдување со јаглен во рудниците или доколку има временски елементарни непогоди. Без “Блок 3“ која деновиве е ставен во функција, а со максимално ангажирање на другите два блока во 2022 година изнесуваше 2.350 гигават часови. Во 2023 година од овој капацитет на РЕК Битола, планирано е производство на над 3.000 GWh“. За дневното производство на електрилна енергија граѓаните можат да се информираат од објавените дневни биланси, а туму е наведено дали во текот на 24 часа било набавувана струја од увоз, кој додаде дека сите происводтвени капацитети на ЕСМ се во функција.Генералниот директор на РЕК “Битола“, Пеце Матевски, пред премиерот и остантите гости рече:-На мое лично задоволство и на работниците кои работаат во РЕК “Битола“, моѓам да кажам дека по пауза од година дена, го имаме и третиот блок во фунција, а Комбинатот работи со полн капацитет. Сакам да им се заблагодарам на сите колеги, стручни лица, и на сите кои учествуваа во набавката на трансформаторот. Вработени во РЕК “Битола“ се маскимално заложени,  се преземени сите мерки за стабилно производство на електрична енергија во Комбинатот.  Да нагласам дека на депонијата за јаглен имаме над 300 илјади тони јаглен, а напоредно се преземаат мерки да има стабилен режим на работа на сите блокови. РЕК “Битола“ наполни 40 години од отпочнувањето со работа, се трудиме да ги одржуваме во добар континуитет, се со цел да произведиме што повеќе електрична енергија и да имаме стабилна работа на сите три блока и рудникот. Заедно со премиерот Ковачевски, во РЕК Битола беа и студенти од Факултетот за електроника и информациски технологии и професорот Антон Чаушевски.

More from ВестиMore posts in Вести »