Денес на пладне традиционално пред “Лук Оил“ во Битола, како и пред секое големо ракометно натпреварување, околу 25 љубители на ракометот од Битола и верни навивачи на македонската ракометна репрезенација, повторно традиционално заминаа да ја бодрат македонската ракометна репрезентација.
Овој пат, дестинација е Краков, 28. светско ракометно првенство, а пред заминувањето рекоа:
-Со четири автомобили и едно комбе, тргнуваме за Краков, а ние сме речиси во истиот битолчани, кои секоја година, почнувајќи од Загреб 2009 година ја следиме и навиваме за македонските ракометни асови. И оваа година како и пред 13 години со истата страст и елан ќе ја бодриме репрезентацијата. Во наредните денови Македонија, односно македонската репезентација е во фокусот, а се друго паѓа во втор план.
Очекуваат добра игра на нашите, победа во групата и добро дружење во следните седум дена.