Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: започнаа подготвителните активности за изградба на мостот кај “Довлеџик“

Со поставување на соодветна сообраќајна сигнализација, со која ќе се врши пренасочување на сообраќајот, започнаа подготвителните активности за изградба на мостот на река Драгор, кај “Довлеџик“.

Градоначалникот на општина Битола изврши увид на активностите на терен и беше запознат со начинот и постапките за натамошна изведба. Изградбата на мостот за патен сообраќај на река Драгор на ул. „Довлеџик“, ќе биде со челична конструкција во должина од околу 30 метри, со 4 коловозни ленти со вкупна ширина од 13,1 метар. Дополнително, ќе содржи два тротоари, со ширина од по 4 метри, наменети за велосипедски патеки и пешачки патеки.  Средствата се обезбедени од “Тав програмата“ за инфраструктурни проекти, во вредност од 50.150.000 денари.

Претходно, со цел да нема застој во сообраќајот, општина Битола изгради времен премин, односно девијација, во функција на изведба на мостот на реката Драгор, во вредност од околу 9.000.000 денари. Овој пат со пропуст за пренасочување на сообраќајот на патот Битола-Ресен и Битола-Пелистер, ќе биде во функција во период на изградба на челичниот мост на ул. Довлеџик за премостување на реката Драгор. Девијацијата е со должина од 322 метри.