Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: аscites -асцит

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за аscites – асцит, за што вели:

-Aсцитес или насобирање на течност во перитонеалната шуплина е најчеста компликација на црнодробната цироза поради зголемен притисок во порталната вена и преминување на течноста од крвните садови во стомачната шуплина. Етиолошки поретки причини за асцитес се конгестивна срцева слабост, хронична бубрежна инсуфициенција, инфекции и тумори или метастатски депозоти на црниот дроб, црева или пелвичните органи матка јајници.Клиничка манифестација на асцитесот е различна  од надуеност на стомакот,скратен здив,слабост до стомачна болка отоци итн.

Дијагностичка процедура со која се детектира насобирањето на течност во стомачната шуплина е  различна по волумен и форма анехогеност околу хепар слезинка субдијафрагмално, можи да се користи компаративно и други imaging техники како  КТ МРИ на абдомен, парацентеза – тенкоиглено отсранување на течноста од перитонеалната шуплина како и дијагностичко испитување на содржината.

Терапевтски се користи најчесто  диета со ниска содржина на сол диуретици пред се фуроземид во високи дози, парацентеза до сложени хируршки интервенции ТIPS.