Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две апсења за поседување марихуана, приведени тројца битолчани

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола вчера во 12:30 часот во Битола, лишиле од слобода 24 годишно лице од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, гранки од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.01.2023 во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола лишиле од слобода две лица од Битола на возраст од 33 и 32 години, затоа што кај нив била пронајдена и одзема марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »