Press "Enter" to skip to content

Коњановски во посета на Горната Гимназија и Техничкото училиште

Градоначалникот Тони Коњановски, при денешната посета на Гимназијата “Јосип Броз-Тито”, изврши увид на успешната реализација на проектите во изминатиот период, а од директорката Лидија Споа, беше информиран дека, на овој начин, гимназијата која бележи највисоки резултати во државата, продолжува со реализација на визионерскиот пристап, практикуван и од претходните раководства на училиштето, а насочен кон подобрување на условите во објектот и училишниот двор кои не претставуваат само физички простор во кој вработените и учениците поминуваат долг период од денот, туку место каде што сите, како субјекти, професионално се реализираат.

Во оваа насока во делот на инфраструктурните проекти во училиштето, вложени се 770.254 денари, каде што се вбројуваат: уредување на соблекувалните, доуредување на преминот кон спортската сала, летна училница, хортикултурно уредување на просторот за дружење на учениците во соработка со НВО Сфера – Битола и други проекти. За училишен мебел, инвестирани се 213.519 денари. За ИКТ опрема, нагледни средства и помагала, инвестирани се 881.940 денари за набавка на 35 таблети, 10 Смарт-андроид телевизори 50’инчи за сите кабинети и спортската сала, бинокуларен микроскоп со екран, мултифункционален фотокопир, универзална станица за полнење на лап-топ компјутери и таблети и друга опрема. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети  и Средното општинско техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов” од Битола. В.Д. Директорката на СОТУ “Ѓорѓи Наумов“, Жанета Сервини, потсети на сите позначајни активности кои во изминатиот период имаа свое влијание врз унапредувањето на состојбата на училиштето, имајќи ги во предвид потребите на воспитно – образовниот процес во корелација со потребите на пазарот на трудот. Во овој контекст, покрај воведениот континуитет на работа и поддршката од општината, во 2022 година, во училиштето завршена е реконструкцијата на надворешните спортски терени, односно теренот за футсал, кошаркарското игралиште и осветлување на истите со соодветни рефлектори, а набавени се 93 персонални компјутери со кои ќе се опремат повеќе кабинети, потребни за квалитетна реализација на целокупната настава, посебно на стручните предмети (кабинет за мултимедија, кабинети за електро-струката и за машинската струка итн).

Изминатата година, извршена е и реконструкција на тоалети, соблекувални, поплочување со бехатон – плочки на пешачката патека за граѓаните, поплочување на средишниот отворен дел во училиштето (пацио) и поставување на соодветна урбана опрема. Исто така, извршена е реконструкција и поправка на паркетот во спортската сала, а извршена е набавка на дополнителен мебел и друг инвентар во училиштето.

More from ВестиMore posts in Вести »