Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени крадци – украденото вратено на РЕК “Битола“, 56 казни за брзо возење

На 15.01.2023 од страна на полициски службеници од Полициското одделение Новаци лишени од слобода се две лица на возраст од 21 и 19 години од Битола, поради сомнение за извршено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава според која од магацински простор во кругот на РЕК Битола одземени се поголем број предмети. Одземените предмети се пронајдени кај приведените лица и се вратени на сопственикот. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (15.01.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што биле санкционирани 56 возачи. Од нив 39 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 17 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »